За време на новогодишните празници, ЕВН Македонија традиционално донира пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква, информираат од компанијата.
Покрај верските заедници ЕВН во своите редовни филантропски активности низ годината вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.
„Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја. Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите.
Пакети со прехранбени продукти кои беа донирани за Католичката црква, „Каритас“ и хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ ќе ги поделат кај семејства во ризик.
Поради ситуацијата со корона вирусот и годинава нема да се подготват празнични јадења во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Скопје, но затоа на посетителите ќе им се доделат намирници за време на Нова година и Божиќ.
Празниците се моменти за љубов, радост и спокој, а овие донации имаат за цел да ја збогатат домашната трпеза на оние семејства на кои најмногу им е потребна ваква помош.
ЕВН Македонија е одговорна компанија која низ годините контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории„, велат од компанијата.