еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Oбука за средношколци и професори за развој на зелени и претприемачки вештини

Ученици и професори од средни училишта ќе поминат еднодневна обука за развој на зелени и претприемачки вештини во организација на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Центарот за извонредност во зелени иновации, во партнерство со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Македонија 2025, Халк банка и Министерството за економија и труд.

Обуката за учениците и нивните ментори ќе се одржи на 22. февруари 2025 година (сабота) во просториите на Машинскиот факултет во Скопје, со почеток во 10:00 часот. Учесниците ќе работат со искусни експерти од областа кои ќе ги насочат во процесот на развивање иновативни зелени бизнис концепти.

Обуката претставува подготовка за натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2025“, кој 17. година по ред го организира Машинскиот факултет за средните училишта со кои се развива иновативниот начин на размислување кај младите, се стимулира тимското решавање на реални проблеми и изнаоѓање креативни решенија, со што се гради претприемачкиот начин на размислување ка средношколската популација.

Обуката претставува еден од клучните чекори во реализација на целиот Натпревар. Вклучувањето на учениците во обуките за зелени иновации придонесува за личниот развој на учениците и за општествената и економската одржливост на заедницата. Постојат поголем број придобивки за учество на учениците на обуката и натпреварот.

Пред сè, ќе развијат подлабока еколошка свест, ќе научат за климатските промени, обновливите извори на енергија и одржливото управување со ресурсите, што ги прави подготвени да придонесат за позелена иднина. Преку практични примери и проекти, ќе биде поттикнато иновативното размислување, учениците се мотивираат да развиваат креативни решенија за еколошките проблеми.

Зелената економија постојано расте, а многу нови професии се поврзани со одржливи технологии. Обуките ги подготвуваат учениците за идни зелени работни места во оваа област. Обуките ги инспирираат учениците да развијат претприемачки вештини, да започнат сопствени зелени бизниси или стартапи, со иновативни решенија за намалување на загадувањето и заштеда на енергија.

Преку овие обуки, учениците стекнуваат социјална одговорност, учат како нивните секојдневни одлуки влијаат врз животната средина и како можат да направат позитивна промена.

Обуката има цел да ги поттикне младите да размислуваат креативно, да ги унапредат вештините во областа на зелените иновации и одржливото претприемништво и да стекнат знаења за креирање зелени бизнис концепти.

Ги повикуваме сите средношколци кои имаат интерес за одржливи технологии, иновации и претприемништво да ја искористат оваа можност и да станат дел од иницијативата за создавање позитивни промени и иновативни решенија за позелена иднина.

Заинтересираните ученици можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар достапен на web страната на Машински Факултет – Скопје или на следниот линк: forms.gle.

Пријавувањето е отворено до 18. февруари 2025 година.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бигорскиот манастир преполн со верници

Редакција

(Фото) Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

Редакција

Студентите имаат можност за пракса во Македонски Телеком

Редакција