Обвинителството уверува дека нема да има застој во предметите за полицајците за „Пулс“, откако на обвинителката Алексова Трајчева не и беше продолжен мандатот

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) уверуваат дека нема да има застој во трите предмети за полициските службеници кои се однесуваат за нивната инволвираност за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, откако пред неколку денови Советот на јавни обвинители не и го продолжи мандатот на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која ги водеше истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има застој во предметите за полицајците обвинети за пожарот во „Пулс“

За оваа одлука реагираа и родителите на загинатите на вчерашниот “Марш на ангелите“ и побараа нејзино враќање, бидејќи истата според нив носи ризик од одложување и пронолонгирање на постапките, додека новиот обвинител кој ќе биде поставен на местото на Алексова Трајчева, се запознае со доказите и текот на предметите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали се направени анализи за присуство на цијанид, прашаа родителите на загинатите во „Пулс“, кои побараа да се врати обвинителката Трајчева, која работи на неколку предмети за трагедијата

Од ОЈО велат дека по одлуката веќе ги презеле сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки.

-Ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението.

Јавното обвинителство е единствен орган и евентуална промена на јавен обвинител во текот на водењето на предметите, што може да се случи од најразлични причини, не се одразува врз динамиката и начинот на водење на постапките.

Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, односно нема никаква потреба за повторување на постапките, велат од таму.

Од Обвинителството апелираат на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи, како што велат од таму “сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност“.

-Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан.

Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во “Пулс”.

Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка.

Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ и ССНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Тројца обвинети полицајци за трагедијата во „Пулс“ велат дека не се виновни

Поднесени три обвиненија и за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести