еМагазин
Image default
Македонија

Обединетата македонска дијаспора бара извинување од Ескобар за употребата на „северномакедонци”

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечкиот глас на македонците ширум светот со седшите во Вашингтон, во петокот испрати протестно писмо до Стејт Департментот на САД со реакција околу употребата на „северномакедонците” од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот, Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ, информираат од ОМД.

-Во петокот за време на прес конференција, Ескобар изјави дека “северномакедонците се Европејци”, без да се самокорегира или некој од новинарите да се побуни за време на прес конференцијата.

Ескобар е скоро две години на функција и имал ред состаноци со македонски соговорници, вклучувајќи го Стратешкиот дијалог на 2 јуни 2022 година, и сме зачудени дека таква “грешка” би направил.

По потпишување на неуставниот Преспански договор во 2018 година, се почесто меѓународната заедница го користи зборот “северномакедонците,” кој е спротивно на самиот договор, а и навредувачки кон македонскиот народ, кој е во мнозинство против Преспанскиот договор.

Користење на зборот “северномакедонците” ја продолжува долгогодишната дискриминација кон македонскиот народ и ги згрозува нашите човекови права внатре и надвор од државата.

ОМД се соочува со овакви примери на дневно ниво и како и досега, така и понатаму секогаш ќе ги корегира ваквите изјави на официјални лица или натписи на медиуми кои погрешно ќе адресираат до македонската нација и држава, велат од ОМД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северномакедонците се Европејци, вели Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД

Димитров: Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од наши пријатели

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера вакцина примиле 7.518 граѓани, вкупно 703.878 се ревакцинирани

Редакција

Викендот 55 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 45

Редакција

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција