еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од наши пријатели

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор, пишува на Фејсбук, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

“Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира.

Со други зборови “Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.

Затоа секоја употреба на терминот “северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор.

Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава, бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи.

Тоа е недозволиво.

Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик.

Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северномакедонците се Европејци, вели Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД

„Северномакедонци“ е ненамерна грешка, тврдат од Кабинетот на Макрон

Најчевска: Преименувањето во “северномакедонци“ е прекршување на меѓународното право, отсуството на реакција е неприфатливо

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот во Шведска починале 3.000 лица

Редакција

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Редакција

Германскиот Бундестаг усвои резолуција: Македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ

Редакција