еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 16 јануари, во Македонија се регистрирани вкупно 3.380 реинфекции со Ковид-19.

“Заклучно со 16.01.2022 вкупно се регистрирани 3.380 реинфекции (1,4%), од кои седум се втори реинфекции“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Податоците покажуваат драстичен раст на лицата кои по вторпат заболеле со вирусот, но и раст на лицата кои по третпат се заразиле со Ковид-19. Претходната недела нивниот број изнесуваше 4.

Зголемениот број на реинфекции се должи на се поголемото присуство на сојот омикрон.

Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен раст: Минатата недела 1.247 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Минатата недела регистрирани нови 57 случаи на омикрон во седум градови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Скопјанец застрелал куче, бидејќи му ги бркало кокошките

Редакција

Нови 299 случаи на Ковид-19 од 2.628 тестирања

Редакција

Надоместот за приватизација на градежното земјиште се зголемува за 30 пати

Редакција