еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Северномакедонците се Европејци, вели Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД

САД ќе ги поддржуваaт Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања Ескобар укажа дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО.

Тој повторно ја истакна пораката од Стратешкиот дијалог, кој САД го имаа со Македонија во јуни во Вашингтон.

-Нашата позиција од искуството со С Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. С Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи, изјави тој.

Укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување.

-САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на С Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес, рече Ескобар.

Тој на брифингот говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

-Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски С Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор, рече Ескобар.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвонко Костовски: Во УБК се фабрикуваа докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска

Редакција

Благој Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија ќе се одржи во Ваташа

Редакција

„Стејт департмент“: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни

Редакција