еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 739 случаи на Ковид-19, едно починато лице

Во последните 24 часа се направени 1.570 тестови, а регистрирани се 739 случаи на Ковид-19, од кои 153 се реинфекции.

Оздравени се 659 пациенти, а во изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови.

Во моментов активни се вкупно 4.218 случи, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, во Скопје се регистрирани 262 случаи, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На аеродромот во Скопје пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на возила вреден 128.000 евра

Редакција

Идниот Трстена, малиот Бесир Алили ги разнежни твитерџиите: „Твојот успех е и наш успех!„

Редакција