еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска раскажува за родителите, кои ги спомнува и во апелот за помош од САД и ЕУ

Апелот за помош од ЕУ и САД, кој го упати обвинителката Вилма Русковска предизвика лавина реакции во јавноста, а во истиот освен што се жали на притисок од директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, таа ги спомнува и нејзините родители.

„Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, вели таа во апелот, па и овој дел стана предмет на разни анализа во одрени медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

За своите родители, Русковска прв пат јавно зборуваше во интервју за еМагазин од пред две години.

Ви го пренесуваме тој дел од интервјуто:

„Мајка ми, која е Штипјанка во 1943 година завршила во бугарски затвор во Скопје. Познато е како ги третирале македонските борци во затвор во тоа време. Откако бугарскиот цар Борис е убиен, таа е амнестирана. Две години подоцна се борела и на Сремски фронт.

Татко ми пак е закопан со „бугарски куршум„. Тој бил комесар на дивизија. За време на војната е ранет, а куршумот го носел цел живот, бидејќи му било посочено дека ако се направи интервенција за да се извади ќе настанале компликации.

Татко ми целиот свој живот го посвети на државата. По војната извесен период беше и началник на полиција, а кариерата ја заврши во републичкото Обвинителство“, раскажува Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле Русковска и Муареми

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Амбасадата на САД за барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани се вкупно 223.014 граѓани, вчера се вакцинирале 14.525

Редакција

Армијата се вклучи во гаснење на пожарите

Редакција

Не смееме да си дозволиме авантури, на државата и е потребна стабилност, рече Груби по средбата со Заев

Редакција