еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле Русковска и Муареми

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми денови се актуелни со меѓусебните обвинувања преку медиумите.

еМагазин ги разгледа нивните анкетени листови кои ги поднеле до Антикорупциска комисија, кога стапиле на овие функции.

Каков имот пријавила Русковска

Русковска според нејзиниот анкетен лист на свое име пријавила стан во Скопје од 79,9 метри квадратни, проценет на околу 2 милиони денари.

На име на родителите пријавила куќа за одмор во Кисела Вода, од 50 метри квадратни, проценета на 410 илјади денари.

Вози Киа спортаж, а возилото е проценето на околу 1 милион денари.

Има и кредит од 1,2 милион денари, кој треба да го врати до 2026 година.

Каков имот пријавил Муареми

Според неговиот анкетен лист, Муареми нема ништо на свое име.

На име на родителите пријавил барака во Скопје од 470 метри квадратни, куќа од 500 метри квадратни во Гостивар и плац од 600 метри квадратни, исто така во Гостивар.

На име на сопругата пријавил возило Мерцедес А160, а на име на родителите Мерцедес Бенз.

Ги пријавил платите на родителите, сопругата и братот, но не и својата.

На име на родителите пријавил и девизни сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД за барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Редакција

„Провинцијалците платија да се исчисти метрополското ѓубре„: Твитер реакции за ѓубрето во кое се „дави„ Скопје

Редакција

(Фото+видео) Феноменален изглед на главниот град со „Скопје лајт арт дистрикт“

Редакција