еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не смееме да си дозволиме авантури, на државата и е потребна стабилност, рече Груби по средбата со Заев

Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата, на премиерот Зоран Заев и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда и немаше ниту сомнеж во парламентарното мнозинство од ниту еден учесник на состанокот, изјави генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби по координативниот состанок на премиерот Заев со претставниците на коалициските партнери.

– Исто така би сакал да ве информирам дека сите партнери што учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на премиерот Заев, затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека тој треба да продолжи со предводењето на Владата и спроведувањето на политиките, затоа што тоа го очекуваат граѓаните, додаде Груби, кој е прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој нагласи дека на средбата било оценето оти на државата и треба стабилност, предвидливост и партнерство со евроатлантската заедница и дека оставката на премиерот Заев е непотребна.

– Ова беа локални избори, не се парламентарни избори. Ние го добивме мандатот на 15 јули 2020  година за да ја предводиме оваа земја по евроатланскиот курс. Ние сметаме дека само оваа Влада може да го реши спорот со соседна Софија и да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, рече Груби.

Според него, само ова Влада ќе може да ги негува меѓуетничките односи и да ги гарантира Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство  со Бугарија.

– Не смееме да си дозволиме авантури и како граѓани и како држава во овие кревки моменти, не само за нашата држава, туку за целиот регион, рече Груби, додавајќи дека во сегашнава состојба на граѓаните најмногу им е потребна стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владејачкото мнозинство останува, секој погрешен чекор може да направи хаос, вели Хоџа по средбата со Заев

Коалициските партнери потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно, велат од Влада

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Редакција

Координативно тело на затворена седница расправа за помирувањето за „27 април“

Редакција

Изречени 644 казни за неносење маска

Редакција