еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коалициските партнери потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно, велат од Влада

Денеска на покана на премиерот Зоран Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот.

„Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија.

Коалиционите партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување,“ информираа од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не смееме да си дозволиме авантури на државата и е потребна стабилност, рече Груби по средбата со Заев

Владејачкото мнозинство останува, секој погрешен чекор може да направи хаос, вели Хоџа по средбата со Заев

ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство, не се за одржување на предвремени избори

Одлуката на Заев за оставка е избрзана и неоснована, не се согласувам со него, вели Ахмети

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери е против лидерска средба за да се одблокира Собранието, но ако партиите сакаат нека се сретнат

Редакција

Познати бизнисмени и јавни и државни претпријатија на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ, изјавија Заев, Вучиќ и Рама

Редакција