еМагазин
Image default
Македонија

Џафери е против лидерска средба за да се одблокира Собранието, но ако партиите сакаат нека се сретнат

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“ изјави дека е против лидерски средби, но е „за“ ако партиите имаат потреба од тоа. Тој тоа го кажа, прашан дали се согласува со предлогот на премиерот Зоран Заев да се организира лидерска средба ако во следниот период не се одблокира Собранието.

„Воспоставената пракса дека сè зависи од лидерски средби е лоша. Таа е воспоставена во овие три децении на парламентарна демократија во нашата земја.

Не сметам дека е тоа решението. Собранието како највисок законодавен орган и како посебна власт, според уставната поделба на власта, е институција која треба да биде надвор од влијанијата.

Ако се раководиме според основниот постулат што е Собрание и која е неговата улога и место според Уставот, јас треба да повторам дека тоа е претставнички орган на граѓаните и одлучува во нивно име.

Пратениците се слободни во своите одлуки и не зависат и не подлежат на одговорност ниту политичка, ниту кривична за нивните одлуки кои ги носат во законодавниот дом.

За жал, се воспостави пракса и се вгради менталитет дека нештата им припаѓаат на политичките партии, истакна претседателот на Парламентот.

Тој нагласи дека институциите не се на партиите, туку на државата и на граѓаните.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонец во Благоевград го праша Петков кога Бугарија ќе ги признае Македонците

Редакција

Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски, но не кажа во врска со што

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција