еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид – центарот во Гостивар 13, а во Струга 21 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 35, во Гевгелија седум лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во соопштението.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевановиќ: Ако мерките не се почитуваат и никој не санкционира, бројот на заболени од корона вирусот ќе биде ист

Редакција

Уставниот суд образложи зошто се зголемени примањата на судиите

Редакција

Убава вест: Оздравени 423 заболени од Ковид-19

Редакција