еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани се вкупно 223.014 граѓани, вчера се вакцинирале 14.525

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 472.159 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 334.386 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

Со последните бројки 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓународен сојуз” требаше да обезбеди земјиште во Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за кавдрат, рече бизнисменот Амзовски на судењето

Редакција

Судењето за „27 април“ продолжува на 6. февруари со завршни зборови на одбраната

Редакција

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

Редакција