еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Затворски чувари во Италија дивјачки тепат затвореници

Весникот Domani објави вознемирувачки снимки на кои се гледа како затворски чувари во италијански затвор дивјачки тепаат и малтретираат затворениците со палки и тупаници, по ланските протести во врска со пандемијата на Ковид-19.

На снимките се гледа и како еден затвореник во инвалидска количка е удрен во грбот, а чуварите тепале најмалку тројца мажи додека лежеле на земја.

Италијанските медиуми пренесуваат дека од СМС-пораките што ги разменувале чуварите, може да се види дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана и замислена како одмазда.

Малтретирањето се случило на 6. април лани во затворот Санта Марија Капуа Ветере, северно од Неапол.

Државното обвинителство минатата година покрена истрага откако имаше поднесено тужба поради насилство врз затворениците, ден по протестот откако беше дознаено дека има позитивен случај на Ковид-19 меѓу затворениците.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 52 вработени од затворот биле уапсени во текот на неделава и за сите нив се покренати судски постапки, поради физичко насилство и злоупотреба на функцијата. Во истрагата се уапсени повеќе од 110 лица.

Видео: Domani/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се отстранува железната ограда околу Владата

Редакција

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Редакција

Во случај на кинеска инвазија на Тајван, САД воено ќе го бранат

Редакција