еМагазин
Image default
Македонија

„Меѓународен сојуз” требаше да обезбеди земјиште во Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за кавдрат, рече бизнисменот Амзовски на судењето

Според договорот, „Меѓународен сојуз” требаше да го обезбеди земјиштето за изградба на старечки домови. Тие ветуваа дека ќе обезбедат да го купиме земјиштето во Општина Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за метар квадратен, како и промена на ДУП-от, но ништо од тоа не исполнија, кажа бизнисменот Адријан Амзовски, сведочејќи на судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Сведокот Адријан Амзовски, кој е еден од сопствениците на фирмата Дрим билдинг Струга, рече дека за проектот дознал преку Александар Димитровски, кој му кажал дека постојат три проекти со “Меѓународен сојуз“, по еден во Струга и Охрид и еден во општина Карпош, за кој што тие се одлучиле.

-Според договорот “Меѓународен сојуз“ требаше да го обезбеди земјиштето за градба. Ние, откако го потпишавме договорот имавме обврска да платиме 25 отсто или 16,1 милион денари фактура на авторски договор на Јасна Мандиќ.

Уплативме 15 милиони денари одеднаш и рестото подоцна. Потоа требаше да чекаме “Меѓународен сојуз“ да обезбеди земјиште, да не ослободи од комуналии, ама од тоа не бидна ништо. После истекот на рокот од 180 дена побаравме да ни се вратат парите, изјави Амзовски.

Сведокот рече дека, од тие пари Бојан Јовановски вкупно му вратил 155 илјади евра, во период од неколку месеци.

-Немавме некој однос ние да се расправаме или нешто. Полека ги враќаше парите, се додека не го притворија. Тогаш беше јасно дека нема да ги врати парите и покренавме граѓанска постапка. Таму си ги побарувам парите и се надевам дека ќе ги вратам, изјави Амзовски.

На состаноците за проектот, сведокот рече дека Јасна и Бојан секогаш биле присутни, а на неколку пати и Фросина Ременски и еднаш или два пати Александар Кирацовски.

– Верував во успешноста на проектот и затоа дадов толку пари. Прво бизнис планот беше добар, земјиштето во Скопје по таа цена и секако пресудно беше присуството на лицата, рече Амзовски.

На прашање од одбраната дали договорот го разгледале негови правници и го потпишал без принуда, сведкот рече да.

На прашање од Јасна Ерцеговиќ, сведокот рече дека заедно со неа и Бојан во „Меѓународен сојуз“ ги креирале роковите за обезбедување на земјиштето за градба.

На прашање од Бојан Јовановски, дали тие како “Меѓународен сојуз“ не можеле да ја диктираат цената на градежното земјиште и се воделе од одредбите на Владата, сведокот рече да.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација “Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Меѓународен сојуз”: Бизнисмени тврдат дека му дале 350 илјади евра кеш на Боки 13

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид стори сè што е во нејзина моќ за исполнување на препораките на УНЕСКО, вели градоначалникот Георгиески

Редакција

Синоличка Трпкова: Како да бидам пријател со некој што ми вели дека не постојам, Бугаријо и Европо низаедни

Редакција

Видеото со Боки 13, Кичеец и Камчев руши рекорди, има над половина милион прегледи

Редакција