еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е министерката Костадиновска Стојчевска, која ги „насочи“ уметниците како да творат за да немало говор на омраза кон Бугарија

Не стивнуваат реакциите за скандалозната изјава на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во која таа ги „насочи“ уметниците како да творат за да немало говор на омраза кон Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката за култура прво им укажа на уметниците како да творат за да нема говор на омраза кон Бугарија, па се дообјасни и извини

Костадиновска Стојчевска и стана позната на јавноста кога како пратеник се појави во македонското Собрание во скафандер за да гласа, бидејќи беше позитивна на Ковид-19.

Што пишува во нејзината биографија

Бисера Костадиновска Стојчевска е родена на 20 февруари 1986 година во Битола.

Докторирала на Педагошкиот факултет, УКЛО – Битола, англиски јазик.

Од 2009 до 2012 година e избрана за лектор по англиски јазик и држи предавања по предметот англиски јазик на Педагошкиот факултет во Битола.

Од 2011-2012 година била предавач по англиски јазик во Агенцијата за електронски комуникации во Битола.

Како пратеничка членувала во повеќе комисии: Комисијата за образование, наука и спорт, Kомисијата за труд и социјална политика и Комисијата за европски прашања.

Била член на делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Изминатите години била член на неколку пратенички групи: пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Членувала и во пратеничка група за соработка со Парламентот на Унгарија, како и во пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република.

Фото: Фејсбук/Костадиновска Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Редакција

Македонскиот амбасадор и дипломати се евакуирани од Украина, преку безбедносен коридор, вели Османи

Редакција

(Фото) Скопските молови добиваат сериозна конкуренција: Утре се отвара Приштина мол

Редакција