еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) На аеродромот во Скопје пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

Со два бугарски авиона денеска на аеродромот во Скопје беа транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45. македонски државјани.

Почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Последна почит оддадоа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание, Линдита Никола. Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.

Со возила на погребалното претпријатие „Бутел“ посмртните останки на загинатите ќе бидат транспортирани до нивните вечни почивалишта.

Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, пишува грчка „Та неа“

Редакција

Од 15. јуни со воз од Скопје до Солун

Редакција

Детален преглед: Најмногу граѓани вакцинирани со прва доза на вакцина во Скопје, Битола и Тетово

Редакција