еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Јован Деспотовски влезе во трката за нов лидер на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираат од СДСМ.

До Централната изборна комисија, Деспотовски ја доставил и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.

-Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори.

Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на следниот линк: sdsm.org.mk.

Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Миле Зечевиќ, кој сака да се кандидира за лидер на СДСМ

И партискиот активист Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ 

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лекот „дексаметазон“ може да биде спас за тешко болни пациенти од коронавирусот

Редакција

Злосторства како на филм: МВР откри морничави детали за серискиот убиец од Добрејци

Редакција

Алијансата за Албанците за бегството на Војминовски: Убиена последната надеж дека правдата ќе се врати во Македонија

Редакција