еМагазин
Image default
Македонија

Алијансата за Албанците за бегството на Војминовски: Убиена последната надеж дека правдата ќе се врати во Македонија

Бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април покажува дека затворите се изградени само за Албанците, и осудените Македонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците, реагираат од Алијансата за Албанците откако е потврдена информацијата дека Војминовски, кој е осуден за обидот за убиство на Зијадин Села, избегал.

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните“, велат од Алијансата за Абланците.

Овие бегства, велат од таму, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија дека некогаш ќе може да се врати правдата и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.

„Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната“, велат од партијата.

Од таму упатуваат апел до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за бегството на осудениот за напад на Села: „Биланс: 1 киднапиран 37 избегани 78 амнестирани“

Избега еден од осудените за нападот на пратеникот Зијадин Села во Собранието

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

Редакција

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција

Починаа три лица болни од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.481

Редакција