Наворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(33) од село Горно Седларце, тетовско поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство во обид“, информира МВР.
На 20.08.2018 година околу 10,40 часот во Гостивар, во село Долна Бањица, пред домот на А.У.(54), неговиот зет за ќерка С.Б. од село Горно Седларце, тетовско, со пиштол пукал кон А.У. повредувајќи го во пределот на стомакот, по што А.У. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.