Холандската амбасада во Скопје информираше дека од 22 декември, согласно новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата, а новата одлука важи и за граѓаните на Македонија.
„Од 22 декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени.
Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Северна Македонија)“, се вели во соопштението на Амбасадата.
Повеќе информации на овој линк.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.