еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон и стигна до неговата 20 грен-слем титула: Кога бев мал, го изработував овој трофеј

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон победувајќи го италијанскиот тенисер Матео Беретини со резултат 6:7,6:4,6:4,6:3.

Со победата на Вимблдон тој дојде до 20 грен-слем титула, со што се израмни со Рафаел Надал и Роже Федерер.

Ѓоковиќ му честиташе на Беретини за неговата игра, предвидувајќи му дека му претстои одлична кариера.

Тој се осврна и на неговата 20 титула оддавајќи им признание и на Федерер и Надал, поради кои, како што рече, е таму каде што е.

Ѓоковиќ го воодушеви светот со приказната за тоа што значи победата на Вимблдон за него.

„Да се победи на Вимблдон е најголемиот сон за мене. Кога имав седум години го правев овој трофеј од се што ќе најдев во мојата соба, а сега стојам со шестиот трофеј од Вимблдон во рацете,“ рече Ѓоковиќ.

Фото: Фејсбук/Вимблдон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за случајот „Актор“ на СЈО во завршна фаза

Редакција

Нови 98 случаи на Ковид-19, 79 оздравени, нема починати

Редакција

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Редакција