Вандализирани се просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово.
Има оштетување на просториите, а вандали на ѕидовите испишале графити, меѓу кои и натписот „УЧК“.
Случајот е пријавен во полиција, а од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово информираа дека е направен увид и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.
За истиот на социјалните мрежи реагираше претседател на Демократската партија на Србите во Македонија и министер за локална самоуправа, Иван Стоиљковиќ.
Тој оцени дека се работи за вандализам, а за графитите вели дека се „ксенофобија и шовинизам кон српската заедница“.
Информираше дека во просториите на друштвото со фолклор активно се занимаваат повеќе од 200 деца.
Објави и видео од инцидентот:
Фото: Унсплеш














