Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.
За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.
Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.
Фото: МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.