еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година, информираат од Народна банка.

„Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година (Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија, Службен весник бр. 224/22 и 227/22).

Следствено, купопродажните трансакции на домашниот девизен пазар со банките и вршењето на менувачките работи со хрватски куни ќе може да се спроведуваат заклучно со 31 декември 2022 година,“ се вели во соопштението.

Во текот на 2023 година замената на хрватските куни ќе може да се реализира исклучиво кај деловните банки и кај други институции на територијата на Република Хрватска.

Од 1 јануари 2024 година услугите за замена на хрватските куни ќе ги реализира единствено Централната банка на Хрватска.

Повеќе информации околу условите за замена на хрватските куни во Република Хрватска може да се најдат на следните официјални интернет страниwww.hnb.hr и www.euro.hr.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица болни од Ковид-19

Редакција

Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари

Редакција