еМагазин
Image default
Бизнис

Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани.

Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на месечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,9 отсто, Други услужни дејности за 13,8 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 8,6 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 6,6 и Други услужни дејности за 5 отсто.

Зголемувањето, пак, на бруто-платата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 14,2 отсто, Други услужни дејности за 14 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,7 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,6 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 6,7 и Други услужни дејности за 5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на Македонската берза во март

Редакција

По пишувањето на еМагазин: Народниот правобранител отвори предмет за провизијата на Македонски телеком

Редакција

„Цементарница Усје“ ја зголеми добивката

Редакција