еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Пајак и Антониа Гиговска во дует за песната „Хабиби“

Пред само три месеци на сцената на Макфест беше промовиран сега веќе регионалниот хит „Bella” во изведба на младите Пајак и Лара, за кој ден потоа се промовираше и видео записот за песната која до овој момент брои скоро 10 милиони прегледи на Јутутб. „Bella” несомнено ќе биде најслушаната песна помеѓу двата фестивала.

Овој пат повторно под палката на Урбан Рекордс продукција беше промовирана новата песна и спот за „Habibi”. Се работи за интересна спојка и соработка помеѓу двајца млади, доста талентирани и актуелни артисти како Пајак и Антониа Гиговска.

За само не цели 24 часа, големиот хит во најава „Habibi” е број еден на трендинг листата на Јутјуб.

Текстот и музиката се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека пак аранжманот/битот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов Iwayo.

Спотот е во режија на Били Д, Гордан Божиновски и Никола Наумовски.

Продукција и монтажа – Гордан Божиновски, а е сниман во студиотот на Solution +.

Пајак и Антониа во спотот ги гледаме со интерсна кореографија и стајлинг во пакет со сценографијата.

„Одлично искуство беше самото реализирање на целиот проект. Предизвик ми беше да создадам мелодија и текст каде Антониа би се вклопила одлично. Снимањето на спотот помина во многу убава работна атмосфера, нормално и многу смеење и позитивна енергија. Снимањето траеше еден ден во студио во Скопје, но подготовката траеше една недела,” изјави Пајак.

Во прилог погледнете го видео спотот, кој мора да признаеме изгледа светски, а танцот на Пајак и Антониа веќе станува вирален на платформата Тик Ток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џенифер Лопез „секс бомба“ и на 51 година

Редакција

(ВИДЕО) Слушнете ја македонската песна за Евровизија

Редакција

(Видео) Нов спот на групата Ван Гог за “Емотивно миниран“

Редакција