еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Патувачкото кино на Македокс ќе биде во Моноспитово, Босилово, Габрово

Почна првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион, информираат организаторите.

Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Жителите на село Василево случајно дознаа за одржувањето на киното во школскиот двор, но сепак, масовно се придружија.

Втората проекција на Патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето. Мештаните веќе беа запознаени и известени за доаѓањето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и го очекуваа да пристигне.

– Тие ни кажаа дека порано се одржувале филмски проекции во Домот за култура, кој е сега распаднат и не функционира. Постарите жители се присетија на времето кога биле млади и оделе на кино проекции, дури и по дозволеното време за излегување од родителите.

Проекцијата во Вељуса беше проследена од многубројна публика од сите возрасни групи – истакнуваат од екипата на Патувачкото кино.

Наредните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе се одржат во следните термини:

21.07. – Моноспитово

22.07. – Босилово

23.07. – Габрово.

Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

На 19.07. почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023 година.

Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во Преспанскиот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските премиери направија вистински бум на 10. Македокс

Редакција

Lush ги напушта социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat 

Редакција

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Редакција