еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пејачот Влатко Илиевски починал од предозираност со кокаин и други наркотични средства

Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства, пишува dosie.mk.

Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин.

Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.

Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај.

Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.

извор: dosie.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 38,5%: Минатата недела 36 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

75% од луѓето во Македонија живеат со родителите до 30 годишна возраст

Редакција

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Редакција