еМагазин
Image default
Локално

Педесетина штркови се подготвуваат за заминување од Кривогаштани

Во прилепско Кривогаштани, според неофицијалната процена на жителите, има 50-тина штркови. Според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта на празникот „Свети Пантелејмон“, на 9 август, секоја година.

За штрковите се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами.

Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите крај куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. И штрковите и луѓето живеат заедно од пролет до август.

„Штрковите се подготвуваат да заминат. Тоа е така откако паметиме. Деновиве сите ќе се иселат за да дојдат на пролет. Еве, можеби се чекаат да се соберат, а и можеби чекаат да добијат пасоши. Времињава се нови, нестабилни“, малку на шега коментираат кривогаштанци.

Паметат дека од пред неколку години локалните власти сакаат да им создадат посебна населба со гнезда, ама штрковите „си тераат по свое“. Имаат свои домови кои сами ги создале и не сакаат да ги напуштат. Кривогаштанци сфатиле дека треба да ги почитуваат навиките на штрковите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Редакција

Драма во Скопје: Седуммина ги нападнале во нивниот дом

Редакција

Молотов коктел фрлен во продавница во Тетово

Редакција