еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Случајот Онишченко е голем удар за кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност

Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се извлече одговорност за случајот со доделувањето македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кој е ставен на црната листа на САД. Тој во интервју во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, оцени дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници.

– Станува збор за човек чија биографија ја знаеме, кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и групи и не е поврзан само со изборите за претседател во САД во 2016.

Има четири сектори во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО.

Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да не гледаат со исти очи. Имаше и реакција од САД како е можно ова да се случи, рече Пендаровски.

Од 2020 година, додаде Пендаровски, од кога сме постојани членки влеговме во системот на размена на податоци, на сознанија и оперативни и разузнавачки и контраразузнавачки со другите членки на НАТО и со тоа многу се гордееме.

-Значи мала држава е влезена практично во истиот информациски систем во кој САД дава информации и обратно, и тоа е една од големите додадени вредности што воопшто станавме членка на НАТО.

Станува збор за пропуст прилично голем пропуст. Јас би рекол дека станува за системски пропуст, не станува збор за една индивидуа. Значи некој погрешил, примил мито, шпекулирам, рече претседателот.

Пендаровски повтори оти мора до крај да се истера процесот на одговорност во АНБ.

-Ние мораме да ја извлечеме одговорноста до крај во рамки на овој случај, бидејќи е недозволено државата која има направено, дадено огромен придонес, мислам од САД, од нашата независност до денес, и денес, имаме документ од 2008 потпишан, ова лето го обновивме.

Ако човеков се мешал во нивните внатрешни избори и прво работи кои се надвор од законот и е ставен на листа на санкции, популарно црна листа, со кои очи ние ќе излеземе пред Американците и од утре повторно да соработуваме.

Или ќе го извлечеме до крај процесот на одговорност по сите овие четири сектори или Ви велам нас нема да не примат, со исти очи нема да не гледаат ако не го направиме тоа, оцени шефот на државата, изразувајќи надеж дека овој случај ќе се разреши многу брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Тоа што Онишченко е на „црната листа“ на САД, не мора да значи дека е криминалец

Онишченко за македонското државјанство: Го добив легално, имам и компанија во Македонија. а планирам и нови инвестиции

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на Филипче кај кого полицијата откри марихуана, не е повеќе дел од неговиот кабинет

Редакција

„Држи ли вода“ иницијативата на Левица: И референдумот во 1991 имаше двосмислено прашање

Редакција

Убава вест: Оздравени 774 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција