еМагазин
Image default
Македонија

Пендиков се вратил во Охрид, треба да присуствува на утрешното судење

Охриѓанецот Христијан Пендиков утрово се врати во родниот град, каде што утре треба да присуствува на судењето за нападот на 19 јануари. Во Основниот суд во Охрид треба треба да го опише нападот и кои биле причините за тоа.

На барање на судијата Бојан Мартиноски, кој го води процесот, на утрешното рочиште се повикани да сведочат вешти лица од областа на медицината и информатички технологии, како и тројца сведоци.

На првото рочиште, кое се одржа на 5 април беа презентирани видео материјални и писмени докази во процесот што пред Основиот суд во Охрид се води против Илија Спасевски, првообвинет за нападот врз Пендиков, секретарот на сега згаснатиот бугарскиот клуб во Охрид.

Според Обвинителството, првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Спасевски се произнесе како невин.

Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, пред Судот даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее да го убеди Судот дека нема материјални докази што неспорно утврдуваат дека провообвинетиот е извршител на делото, како и оти во делото нема докази за зборови од омраза како што сака тоа да го наметне Обвинителството.

Пендиков не присуствуваше на првото рочиште, како што кажа неговиот застапник адвокатот Стефан Камишевски, поради здравствени причини.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува, велат од Врховниот суд

Редакција

Молк од Софија за провокациите на Костадинов за Македонија, осуда стигна и од Украина

Редакција

Приведени синовите на Мијалкови, во група од неколкумина претепале момче во скопски кафе бар

Редакција