Во кои други градови освен во Скопје, Охрид и Струга, ќе отвори продавници Pepco

Дисконтниот ланец за разновидна стока Pepco ги отвори своите први продавници во Македонија.

Истите се отворени во Скопје во Капитол мол и во Рамстор мол, а менаџментот најави отворање на продавници и во Охрид и Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Pepco ги отвори првите продавници во Скопје, ќе се отвараат и во Охрид и Струга

еМагазин неофицијално дознава дека ланецот следните месеци ќе отвари продавници уште во неколку градови низ земјава: во Гевгелија, во Мега шопинг парк, во Штип, во Штип сити мол, во Битола, во Bliss mall and retail park, во Прилеп, во Струмица, во Symbol reintal park, и во Куманово.

Pepco е паневропски дисконтен ланец за разновидни производи со над 4.000 продавници во 18 земји, кој нуди облека за целото семејство, како и покуќнина и играчки по исклучително привлечни цени.

Основана пред 22 години во Полска, компанијата денес е дел од Pepco Group.

Pepco во моментов вработува над 32.000 луѓе и опслужува 36 милиони потрошувачи месечно.

Фото: Pepco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести