еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина основачот и сопственик на градежната компанија „Жикол“, бизнисменот Живко Пандев

Почина основачот и сопственик на компанијата „Жикол“, бизнисменот Живко Пандев, информираше неговото семејство

„Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, Живко Пандев.

Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример.

Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно.

Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста.

Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир.

Телото ќе биде излижено во Капелата во Струмица во 11ч. а погребот е од 13ч,“ информираше Елена Пандева на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, во стабилна состојба

Редакција

Во последните десет години: Најмалку жртви во сообраќајни незгоди во 2018 година

Редакција

Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Редакција