еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Поддршка за 33 организатори на настани, за игротеки, детски одморалишта, фотографски студија и фитнес центри

На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661 денари поддршка од шестиот антикризен пакет

На повикот биле поднесени 45 апликации.

Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од ковид-кризата, поддршка да добијат и сите 184 правни лица – регистрирани фотографски студија и фитнес центри. За нив се проектирани вкупно 11.924.820 денари.

На седницата беше разгледана и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, по што е одлучено да се исплатат вкупно 5.442.232 денари на 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најниски нето-плати во март

Редакција

Бектеши: Од корона кризата околу 15.000 лица во земјава останале без работа

Редакција

Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата, велат од СОНК

Редакција