еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бектеши: Од корона кризата околу 15.000 лица во земјава останале без работа

Во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.

Бектеши не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.

„Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци.

Но, не сум видел такви анализи дека нашите сограѓани кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата, велат од ССК

Редакција

Еден од најголемите работодавачи, Еуроникел Индустри ја гаси печката, не може да ја издржи енергетската криза

Редакција

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки

Редакција