еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки

Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија.

– Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата, се потенцира во денешното соопштение од Комората, чии членки генерираат 50,3 проценти од вкупниот приход во приватниот сектор и вработуваат 33,7 проценти од вработените во овој сектор.

Комората уште еднаш ги реафимира своите ставови изкажани на почетокот на пандемијата дека оваа битка не може да се добие ако компаниите не и помогнат на државата, но и државата да им помогне нив, како единствено можно решение кое може да даде позитивен импулс во натамошните економски текови.

– Во спротивно, сите досегашни напори, жртви и тешки предизвици кои досега ги надминавме, ќе паднат во вода, велат од Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

Твитер во „црвено“ за пратениците: „Дното на општеството во највисокиот законодавен дом“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во делот на домаќинствата не очекуваме големи ценовни шокови, вели Бектеши

Редакција

Матичните лекари бараат сет економски мерки и за нив

Редакција

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат еднократна помош од 6.000 денари?

Редакција