еМагазин
Македонија

Џафери свика состанок на претседателството на Собранието откако синоќа не беа изгласани законите од петиот сет антикризни мерки

Во Собранието денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен.

На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата потпретседатели Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

Џафери на вчерашната седница најави дека ќе побара карантин за Собранието, бидејќи поради отсуство на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство поради Ковид-19 и други здравствени проблеми, како и одбивањето на опозицијата да направи кворум за да се донесат законите од 32. седница.

Не беа донесени ниту законите од петиот сет антикризни мерки, за кои опозицијата се изјасни дека ќе гласа.

Според информациите од Собранието, малку е веројатно дека ќе биде поддржана идејата на претседателот Џафери за воведување карантин, туку ќе се инсистира уште денеска да бидат донесени законите од петиот сет антикризни мерки, помош што ја очекуваат илјадници граѓани и стопанственици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска Давкова: Џафери сакаше да го искористи нашето присуство во Собранието и да си обезбеди кворум за да изгласаат други десетици закони

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

(ВИДЕО) Нов циркус во Собрание: Пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери викна обезбедување

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Османи се сретна со Зеленски

Редакција

За неносење маска 680 казни во изминатото деноноќие

Редакција

Со 101 глас Собранието ја избра преодната Влада

Редакција