еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

Над 50.000 граѓани ги имаат загубено работните места во измината година и половина, илјадници текстилни работни се пред отказ чекајќи помош од државата, илјадници работници во угостителството ги загубија или се пред губење на работните места…

Овие факти не беа доволна причина пратениците од власта и од опозицијата да седнат и да се договорат навремено да го донесат пакетот закони со кои треба да се обезбеди помош за компаниите и граѓаните коишто се најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата од Ковид-19.

Наместо тоа, синоќа  бвеме сведоци на фијаско, недозреано однесување и целосна отсуство на свест за лошата состојба во која се наоѓа голем дел од населението.

Координаторите на пратеничките групи, дел од пратениците и претседателот на Парламентот повеќе од два часа, преку процедурални забелешки, расправаа дали да се гласа за 21 точка од 32-та седница и потоа да продолжи 36-тата седница или да се одложи гласањето поради немање кворум и да продолжи 36 седница, на која се и три закони од петтиот пакет антикризни мерки.

Сосем во право беше претседателот на Собранието Талат Џафери кога забележа дека на списокот за евиденција како присутни во Собранието се пријавиле 101 пратеник и добро е што ги читаше нивните имиња, за да слушнат граѓаните кои се пратениците кои земаат плата, а не учествуваат во работата на Собранието.

„Пратениците имаат обврска да присуствуваат во салата, а нивно право е дали ќе гласаат или нема да гласаат, или пак, ќе учествуваат во дебатата или нема да учествуваат.

Не можам секој ден да плаќам патни трошоци за 101 пратеник, а во сала да бидат присутни 58 или 59 пратеници“, рече Џафери

Неверојатно е што тој мораше да повика и обезбедување поради брканицата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Даниела Марковска од СДСМ.

До ова ситуација дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Марковска и ѝ говореше на уво, поради тоа што Џафери не му даде процедурално обраќање, а за тоа време, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаа на клупите.

За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата, а по нејзе одеше Мицевски.

Во време кога голем број семејства мака мачат да обезбедат пари за храна и за комуналии ваквото однесување на пратениците е недозволиво.

Единствен начин да ги почувствуваат тешкотиите во кои се наоѓаат голем број е граѓани е шест месеци да поработат без плата, што е блага казна во однос на глупостите во Собранието на кои сме сведоци деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Нов циркус во Собрание: Пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери викна обезбедување

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на цевки вреден 479.000 евра

Редакција