еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Нов циркус во Собрание: Пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери викна обезбедување

Додека илјадници работници и социјално загрозени семејства повеќе од два месеци ја очекуваат државната помош, чие што гласање се уште не е закажано, во Собранието нов циркус во “режија“ на пратениците од власта и опозицијата, кои редовно земаат плата од наши пари.

Претседателот на Собрание, Талат Џафери повика обезбедување поради брканицата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Даниела Марковска од СДСМ.

До ова ситуација дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Марковска и ѝ говореше на уво, поради тоа што Џафери не му даде процедурално обраќање, а за тоа време, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаа на клупите.

За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата, а по нејзе одеше Мицевски.

Видео: А1он/МТВ/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28 годишна телевизиска презентерка предлог на Владата за генерален конзул во Њујорк

Редакција

(ВИДЕО) Синот на Муса Џафери физички го нападнал претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција

(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу

Редакција