еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поразителен факт: Од 292 тестирани во „Орце Николов“ кои биле со скроз одличен успех, само 11 ученици покажале знаење за петка

Професорката Елизабета Секирарска, сподели поразителни резултати од квалификациониот приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“, поради огромната конкуренција на „петкаши“.

„Четиво за добра ноќ (иако е посоодветно да кажам за бессоние): Во гимназијата „Орце Николов” оваа учебна година се спроведуваше квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки.

Биле тестирани 292 ученици (сите одлични, со просек 5). Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Податоците се преземени од колешка Оле, а резултатите оставаат без текст:

Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.

Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.

Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.

Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

Јас немам што да додадам. Срам ми е,“ пишува Секирарска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, без нови пречки и политички барања, порача Ковачевски од Виена

Редакција

Досегашниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев избран за вршител на должност

Редакција

Најдоцна до март пресуда за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник2„ на СЈО

Редакција