Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година се зголемиле за 0.2 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.4 %, додека намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.3 %.
Цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3.1 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2.0 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.6 %.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.