еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 14% пониски од лани

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари, што е помалку за 13,9% во однос на лани. Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2% во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно приходите беа пониски за 9% во однос на лани.

„Во август даночните приходи се пониски за 17,1% во однос на лани, додека кај придонесите се забележува пад од 2,7%. Кај даночните приходи има потфрлање на месечно ниво кај ДДВ од 14,3%, акцизи од 25 отсто, данокот на добивка од 28,9 отсто и на персоналниот данок на доход од 10,4 отсто, додека кај увозните давачки се забележува раст од 7,9%.

Расходите во август изнесуваат 17 милијарди денари и се за 5,8% повисоки во однос на лани. Кумулативно, буџетските приходи заклучно август имаат пад од 8,2% што се должи на пад на даночните приходи од 12,1%. Кумулативно од почетокот на годината се забележува раст на придонесите од 7,1%.

Од почетокот на годината заклучно август, има послаба наплата кај скоро сите даноци освен увозните давачки каде растот изнесува 7%. Кај данокот на додадена вредност, се забележува кумулативен пад од 13,6%,“ соопштуваат од Министерство за финансии.

Вкупните расходи пак заклучно август изнесуваат 154,5 милијарди денари и се за 11% повисоки во однос на лани, при што тековните расходи се повисоки за 11,2%, додека капиталните за 5,9%.

Заклучно август реализиран е 17,4 милијарди денари дефицит или 75,7% од проектираниот со ребалансот на буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималната синдикална кошница за ноември 33.742 денари

Редакција

Нов раст на угостителските услуги: Во февруари покапи за 6,3%

Редакција

Доколку компаниите не ги вратат цените во нормала, ќе донесеме непопуларни мерки, најави Бектеши

Редакција