еМагазин
Image default
Македонија

На „Титаник“ се сослушуваат сведоци предложени од Oбвинителството

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Првиот сведок Каролина Павловска, на почетокот кажа дека таа лично има донирано 500 денари во УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заедно со другари и другарки собравме кој колку што има и се собра околу 50 илјади денaри. Лично не сум донирала износ од 60 илјади денари, изјави Павловска.

Парите ги предала во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Петровец.

– Лицето на кое му ги предадов парите не е меѓу присутните. Лично со никого не се познавам од присутните, изјави Павловска.

Посочи дека се било на доброволна основа и дека се собирале парични средства и правеле хуманитарни акции за лица со попреченост и за тие семејства кои имаат потреба.

Вториот сведок, Ивица Канзуров, рече дека во 2011 година бил невработен и дека лично тој нема донирано средства.

– Ракописот на уплатници во износ на  60 илјади не е мој. Првпат за случајот јас бев запознаен од СЈО. Претходно немав информации дека вакво нешто е направено, изјави Канзуров.

Тој, рече дека, со никого од обвинетите не се познава.

Третиот сведок, Игор Цветковски, рече дека доаѓа од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во село Огњанци, но дека никогаш лично не уплатил средства на политичка партија во време на кампања, но дека имало случаи кога повеќе луѓе собирале средства и ги предавале во месниот комитет.

– Мојот удел беше нешто поголем од 15 илјади денари. Податоците во уплатницата се мои, но за точната сума не се сеќавам, изјави Цветковски.

Денешното рочиште, почна со мало задоцнување, заради увид во списите на предметот од страна на обвинетите.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, смета претседателот на МАНУ, Коцарев

Редакција

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Редакција