еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Последното BMW X1 од бонус играта „Заврти еко скутер тркало“ ќе се вози низ Скопје

Мартина Стојковиќ од Скопје е добитничка на второто BMW Х1 од бонус играта „Заврти еко скутер тркало“, информираат од Државна лотарија.

Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија ги предадоа клучевите од новиот автомобил на Стефанија, сестрата на Мартина пред салонот М – Кар во Скопје.

Среќната добитничка на прекрасниот автомобил BMW X1 за себе вели дека секојдневно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија. Доказ за нејзината упорност се и претходните помали добивки кои ги остварила од инстант лотаријата.

-Иако Мартина не беше присутна на доделувањето поради оправдани причини, во телефонски разговор ни раскажа за нејзиното учество во бонус играта „Заврти еко скутер тркало“.

Имено, Мартина преку веб страната на Државна лотарија www.loto.mk регистрирала над 100 недобитни инстант лозови Еко скутер. Нејзината желба да вози BMW постои од пред една година, кога го положила возачкиот испит. На денот на извлекувањето, Мартина и нејзиното семејство не биле во можност да следат Лото 7 затоа што го реновирале семејниот дом, кога одеднаш се јавиле блиски пријатели да честитаат затоа што токму името на Мартина се појавило на малите екрани после електронското извлекување.

Убава коинциденција е роденденот на Мартина наредниот ден, па како што вели таа, овој атрактивен автомобил е всушност остварување на роденденската желба.

Пресреќна за добивката, на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака истрајност и упорност, никогаш да не се откажуваат затоа што не знаеме кога среќата ќе ни се насмее, велат од Државна лотарија.

Државна лотарија преку бонус играта „Заврти еко скутер тркало“ додели околу 2.300.000 денари парични добивки и две возила BMW X1 од кои првото се вози во Тетово, а второто ќе се вози низ Скопје.

-Ви подготвуваме уште многу изненадувања наскоро, се што треба да направите е да не следите на социјалните мрежи. Можеби токму Вие ќе бидете следната среќна приказна која ќе ја раскажеме, велат од Државна лотарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Скопје почнува деветтиот Викенд на гордоста

Редакција

Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

(Фото) Се бара место плус во хотелот на Адора на Златибор

Редакција