еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска во Скопје почнува деветтиот Викенд на гордоста

Деветтиот по ред Викенд на гордоста – Скопје, фестивал за квир култура, уметност и теорија ќе се одржи од денеска до 9 јуни во Музејот на современа уметност, КСП Јадро и кафе барот Шортбас.

Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот, како што посочуваат организаторите е „Настрано Заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти“.

– Со оваа тема целиме да ги поставиме во центарот на квир политичките, социјални и културни ориентации прашањата поврзани со мислењето, дистрибуцијата и втемелувањата на заедничкото и заедничките добра (the common/s).

На заедничкото и заедничките добра ќе им пристапиме преку критичко истражување на нормативните претпоставки за пријателство, љубовта и емоциите врамени во хегемонската хетеронормативност и машките политички имагинации, како и нивните импликации за нашите социо-политички хоризонти, наведуваат во соопштението.

Фестивалот, додаваат, се стреми да понуди и алтернативни форми на замислување, пракса и отелотворување на заедничкото и политиките на пријателство и љубов, тргнувајќи токму од структурната позиција на маргините, како и социо-културни и интимни практики и инфраструктури за грижа, поддршка и заедничарење во квир и феминистички заедници и мрежи.

Овогодинашниот фестивал ќе биде отворен во 20:30 часот во МСУ со ретроспективна изложба „Заслепен од Љубов“ на уметникот Франко Б.

Публиката, како што најавува тимот Викендот на гордоста Скопје 2021, ќе може да го проследи и најновиот перформанс на Нао Бустаманте (САД), легендарна латино уметница, чии дела опфаќаат перформанси, видео инсталација, кинематографија, скулптура и пишување, а во Скопје ќе настапи заедно со Маркус Куиланд Назарио (САД).

Во рамки на целокупната програма ќе се претстават и: танц триото Steam Room, потоа перформанс колективот Спиз! од Велика Британија, во соработка со македонската дрег кралица Токио де Вил, македонските уметници Зорица Зафировска и Дарко Алексовски со заедничка изложба во КСП Јадро, и џез триото Светлост.

Како и изминатите, и оваа година ќе има две предавања, едно перформативно предавање на проф. Јелисавета Благојевиќ од Белград, и онлајн предавање на Франко Б.

Фестивалот е во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство МСУ и ЈАДРО, со поддршка на Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Амбасадата на Кралството Холандија, Фондацијата отворено општество Македонија, Европската унија во рамки на меѓународниот проект ВРЕМЕТО Е СЕГА, Министерството за култура и Град Скопје.

Медиумски покровител на фестивалот е Портрет Магазин.

Целата програма на фестивалот, додаваат организаторите, е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кампањата за зголемување на бројот на донори „Биди срцевина, биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча

Редакција

На хуманитарниот турнир во фудбал „Победата е наша“, победничка екипа е „Марко Божиновски”

Редакција

A1 Македонија за новогодишни празници со тебе: Поврзани услуги и заштеда со A1 Combo

Редакција