еМагазин
Image default
Свет

Повеќе од половина од возрасните во Европа се премногу дебели, се вели во најновиот извештај на СЗО

Повеќе од половина од возрасните во Европа се премногу дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО) денеска.

Околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или дебели, покажуваат податоците. Проблемот погодува повеќе мажи отколку жени, при што 63 отсто од мажите имаат прекумерна тежина во споредба со 54 отсто од жените.

Едно од три деца е засегнато – 29 отсто од момчињата на возраст меѓу 7 и 9 години со прекумерна тежина или дебели, и 27 отсто од девојчињата во иста возрасна граница. Процентот се зголемува на 25 отсто кај адолесцентите. Во меѓувреме, само 8 отсто од децата на возраст под 5 години се со прекумерна тежина.

Луѓето со прекумерна тежина и дебели беа несразмерно погодени од Ковид-19 за време на пандемијата, при што потешките луѓе беа со поголема веројатност да бидат примени во болница или да умрат од болеста, соопшти СЗО.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без напредок заврши средбата на Лавров и Кулеба во Анталија

Редакција

Македонскиот пасош на 31. место на листата на „најмоќни патни исправи“ во светот

Редакција

(Видео) Што откри извештајот за НЛО на НАСА: Ја посетиле ли Земјата вонземјани?

Редакција