еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Предупредување од „Енергоатом“: Руски ракети летале ниско над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ соопшти дека руски ракети денеска летале ниско над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, јужна Украина и ги повтори предупредувањата дека руската инвазија може да доведе до „нуклеарни катастрофи“.

Енергоатом денеска издаде најново предупредување за ризиците предизвикани од војната со Русија на 36-годишнината од најтешката нуклеарна несреќа во светот во сега затворената централа во Чернобил.

Компанијата нагласи дека крстосувачки проектили летале над нуклеарната централа Запорожје за време на воздушен напад кога во градот била погодена комерцијална зграда, според локалните власти, при што загинало најмалку едно лице.

Како што беше претходно најавено, уште едно лице е повредено кога две ракети погодиле една компанија и оштетиле инфраструктурни објекти, а третата експлодирала во воздух.

– Ракетите кои летаат на мала височина директно над локацијата на нуклеарната централа во Запорожје, каде што има седум нуклеарни постројки со огромно количество нуклеарен материјал, претставуваат голем ризик, изјави Петро Котин, в.д. шеф на Енергоатом.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Третата жртва од несреќата кај Лесковац е од Кавадарци, шоферот на автобусот во притвор

Редакција

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

Редакција

Нови 920 случаи на Ковид-19 од 3.338 тестови, 119 се реинфекции

Редакција